Во Австрија, цените на горивата се зголемуваат неколку недели по ред, а властите воведоа некои ограничувања за да се овозможи редовно снабдување со горива. Новите правила, според кои на пумпите им е дозволено да ги зголемуваат цените само три пати неделно, во моментов само предизвикуваат дополнителен гнев кај австриските возачи.
Во пограничниот град Шердинг, многумина гледаат на часовникот, бидејќи напладне, цените често нагло скокаат.
„Не мислам дека оваа нова регулатива има смисла. И кој би ги контролирал сопствениците на пумпите воопшто?“, вели сопственичка на автошкола.
Додека цените на горивата секојдневно се зголемуваат, на границата се случува сосема поинаква слика. Полнењето гориво е поскапо во Германија. Еден литар дизел таму чини до 2,75 евра. Затоа, има особено голем пораст на потрошувачката на гориво во Шердинг. Автомобилите со германски регистарски таблички стојат во ред, многумина носат канистри и полнат за резерви, пренесува Еуроњуз.
Фото Економија и бизнис






