Звањето магистер на науки и специјалист го стекнале вкупно 1855 лица
Во 2025 година, звањето магистер на науки и специјалист го стекнале вкупно
1855 лица, од кои 1558 или 84 % се магистри и 297 или 16 % се специјалисти.
Бројот на магистри и специјалисти, во споредба со 2024 година, е зголемен за 0.5 %.
Учеството на жените магистри, во вкупниот број лица што стекнале научен степен магистер на науки, во 2025 година е 61.2 %.
Во 2025 година, најголем број од магистерските трудови, 497 или 31.9 %, се од областите на бизнисот, администрацијата и правото, 16.4 % се од областите на инженерството, производството и градежништвото, по што следат општествените науки со 15.3 %, а останатиот дел од областите се со помал процент на застапеност.
Главни поенти
2025 година:
- 1558 магистри
- 297 специјалисти





