ВО ЈАНУАРИ Е НАМАЛЕН БРОЈОТ НА ОДОБРЕНИЈА ЗА ГРАДБА, за изградба се предвидени 618 станови

Бројот на одобренијата за градење во јануари 2026 година изнесува 256 и има намалување за 19,2 % во однос на истиот период од претходната година, објави Државниот завод за статистика.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 4 325 219 илјади денари, што е за 25,1 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 160 (62,5 %) се наменети за објекти од високоградба, 31 (12,1 %) за објекти од нискоградба и 65 (25,4 %) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 256 објекти, на 155 (60,5 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 101 (39,5 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 618 станови со вкупна корисна површина од 54 359 м2.

Главни поенти

Во јануари 2026 година:

  • Најмногу одобренија за градење, 160, се издадени за високоградба
  • Во Полошкиот Регион се издадени најмногу одобренија за градење, 64
  • За изградба се предвидени 618 станови

    Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано