ВО СВЕТОТ СЕ ВРТАТ ФАЛСИФИКУВАНИ БАНКНОТИ СО ВИСОК КВАЛИТЕТ,  запленети околу 50 милиони „севернокорејски долари“ 

Во светот секојдневно во оптек има помеѓу 70 и 200 милиони долари фалсификувани банкноти или една фалсификувана банкнота на секои десет илјади вистински долари, покажуваат проценките на Министерството за финансии на САД.

Европол во февруари 2026 година заплени околу 1,2 милијарди евра фалсификувани банкноти да влезат во оптек, при што полициските и царинските служби од 18 земји пресретнаа повеќе од седум милиони фалсификувани банкноти и монети наменети за европскиот пазар.

Европската централна банка забележа многу поповолна ситуација во последните години – во 2024 година, од оптек беа повлечени 554.000 фалсификувани евро банкноти, што изнесува 18 фалсификати на милион автентични банкноти исклучително ниско ниво во споредба со годините по воведувањето на еврото.

Апоени од 20 и 50 евра најчесто се фалсификуваат и заедно сочинуваат повеќе од 75 проценти од сите повлечени лажни банкноти. Намалувањето на бројот на фалсификувани банкноти е поврзано и со брзата експанзија на безготовинските плаќања во Европската Унија.

Во Соединетите Американски Држави, ситуацијата е посложена, делумно поради извонредното глобално ширење на доларот. Банкнотата од 20 долари е најфалсификувана во земјата во САД, додека банкнотата од 100 долари е најпопуларната цел за фалсификаторите во странство.

Од 1989 година, Северна Кореја печати лажни американски долари користејќи професионални печатарски машини кои постигнуваат екстремно високо ниво на прецизност. Фалсификуваните банкноти се со толку висок квалитет што се покажаа како тешки за фаќање на меѓународниот пазар.

Властите на САД досега запленија околу 50 милиони „севернокорејски долари“.  Најчесто се фалсификувани банкнотите од 200 евра, кои се продаваа за 75 долари секоја и циркулираа во Источна Европа, пренесува Блиц.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано