Цените на мало во март 2026 година во Македонија бележат зголемување од 3,4 отсто, а споредено со февруари 2026 година зголемувањето е за 0,9 отсто, објави Државниот завод за статистика.
Цените на мало на земјоделските производи во март се зголемени за 6,4 отсто, на индустриските производи за 5,1 отсто. Во истиот месец цените на мало на прехранбените производи се зголемиле за 6,8 отсто, додека услугите поскапеле за еден отсто. Цените на мало на стоките се зголемиле за 5,2 отсто.
Индексот на трошоците на животот во март 2026 година, во однос на март 2025 година, бележи зголемување од 4,9 %, објави ДЗС.
Фото Економија и бизнис






