ВО МАРТ ХРАНАТА И АЛКОХОЛОТ ВО УГОСТИТЕЛСКИТЕ ОБЈЕКТИ ПОСКАПЕЛЕ ЗА 6,7 И ЗА 6,9 ОТСТО

Храната во угостителските услуги во март годинава се повисоки за 6,7 отсто во однос на истиот период лани, а на алкохолните пијалоци за 6,9 отсто. Ноќевањата во истиот период се поевтини за 12,7 отсто.

Цените на храната во угостителството во перидото јануари-март 2026 година се повисоки за 7,4 отсто, а на алкохолните пијалоци се повисоки за 8,4 отсто. Цените на ноќевањата во првиот квартал годинава се пониски за 12,6 отсто.

Цените на угостителските услуги во март 2026 година се зголемени за 0,1 % во однос на претходниот месец, објави Државниот завод за статистика.

Цените на угостителските услуги во март 2026 година во однос на истиот месец од претходната година сe зголемени за 2,4 %.

Цените на угостителските услуги во периодот јануари – март 2026 година во однос на истиот период од минатата година се зголемени за 3,0 %, додека во однос на декември 2025 година зголемувањето е 0.4 %.

Главни поенти

Цените во угостителството, по групи, во март 2026 година во однос на февруари 2026 година се зголемени кај групата Храна за 0.2 % додека кај групите Алкохолни пијалаци, Безалкохолни пајалаци и Ноќевања не се забележани промени.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано