Поради растот на цените на горивата се зголемува и интересот за електрични возила низ цела Европа од почетокот на војната во Иран. Растечките цени на горивата сè повеќе ги истакнуваат придобивките од поевтиното полнење на електрична енергија.
Платформите за онлајн продажба на автомобили во Велика Британија, Германија, Франција и Шпанија бележат силен пораст на барањата за електрични возила од почетокот на конфликтот во февруари.
За разлика од горивата, цените на електричната енергија не се погодени во иста мера, што дополнително го поттикна интересот за електрични и хибридни возила.
На германската платформа се наведува дека високите цени на горивата станале „катализатор“ за растот на продажбата на електрични автомобили. Во март е забележано зголемување од повеќе од 50 проценти на барањата во споредба со февруари.
Во исто време, интересот за бензински и дизел автомобили се намалува, додека побарувачката за хибриди се зголеми за околу 4 проценти.
Сличен тренд бележат и другите европски платформи. Во Велика Британија, Шпанија и Германија, каде се забележува зголемување на интересот за електрични возила помеѓу 20 и 30 проценти, додека само во Велика Британија побарувачката се зголеми за 23 проценти.
Во Франција за краток период се забележува дури 160 проценти повеќе пребарувања за електрични возила, пренесува Бизнис.ба.
Фото Економија и бизнис





