ВЛАДАТА ФОРМИРА НОВ ЦЕНТАР ЗА ОДГОВОР НА САЈБЕР ИНЦИДЕНТИ

Владата вложува во зајакнување на сајбер безбедноста преку формирање нов центар за одговор на сајбер инциденти, најави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.

Во синоќешното гостување во емисијата Клик Плус на ТВ21, тој информираше дека за овој проект се обезбедени значајни финансиски средства, дел од нив од Европската Унија.

– Средства од ЕУ и наши средства 1,5 милион евра вложивме за отворање на Владин центар со одговор на сајбер инциденти кој ќе го отвориме… Ќе треба реално да гледаме што се случува во сајбер безбедноста, рече Андоновски.

Со овој центар, како што појасни, институциите ќе имаат подобар капацитет за справување со сајбер заканите и инцидентите, кои во последните години стануваат сè почести и пософистицирани.

– Промените во глобалната економија и развојот на вештачката интелигенција создаваат сериозен притисок врз домашниот ИТ сектор, кој веќе не бележи раст како во изминатите години, оцени министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.

Тој посочи дека приватниот ИТ сектор значително го намалил темпото на вработување, за разлика од периодот 2021–2023 година.

– Вештачката интелегенција, затворање на определени пазари од западна Европа се чувствува притисок на приватниот, домашниот приватен ИТ сектор не вработува како во 21, 22, 23… Примањата или се намалуваат или стагнираат, и луѓето кои немаат работа веќе се спуштаат на минимална плата… Но сега е веќе притисок на пазарот на труд, интересот да се вработат во државна администрација се зголемува, изјави Андоновски.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано