„Велигденска недела“ започнува утре со низа настани во Кавадарци, а ќе трае до 9 април.
Како што соопштија од Општина Кавадарци, предвидени се низа настани со цел да се одбележи празникот Велигден.
Во Винскиот музеј за утре е најавена да се одржи креативна работилница за мали уметници, насловена како „Велигденска магија“.
Во вторник по повод Светскиот ден на здравјето, предвидено е да се реализира настанот „Грижи се за себе, започни денес“. За на градскиот плоштад најавени се и музичка програма и „Базар на велигденска магија“.
Фудбалски натпревар ќе се одржи во среда во кавадаречко Ваташа, со наслов „Една топка, едно срце“. За вечерта планирана е велигденска изложба на ракотворби во Домот на културата.
„Велигденската недела“ предвидено е да заврши со фарбање јајца со природни материјали во Винскиот музеј, како и со работилница на Музејот на мирисот и вкусот и Центарот за поддршка при О.У. „Страшо Пинџур“ со наслов „Од обичај до игра“.
Извор/фото МИА






