АСТРОТУРИЗМОТ Е ВО ПОДЕМ: НА 2 АВГУСТ 2027 ГОДИНА ЌЕ СЕ СЛУЧИ НЕПОВТОРЛИВО ДОЖИВУВАЊЕ

Астротуризмот е еден од водечките трендови во светот на патувањата во последните пет години и не покажува знаци на забавување, особено со уште едно затемнување на сонцето кое ќе се случи годинава.

Целосното затемнување на сонцето на 12 август 2026 година ќе биде доста посебно, бидејќи ќе биде првото и единствено видливо во Исланд во 21 век, долгогодишните „ловци на затемнувања“ веќе гледаат една година напред.

Причината за ова е 2 август 2027 година, кога го очекуваме „затемнувањето на векот“, т.е. најдолгото целосно затемнување на сонцето видливо од лесно достапно земјиште.

На патот на целосното затемнување се градовите Кадиз и Малага во Шпанија, Тангер во Мароко, како и Џеда и Мека во Саудиска Арабија. Сепак, се очекува Луксор во Египет да биде една од најпопуларните дестинации за гледање, бидејќи максималното времетраење на целосниот мрак ќе изнесуваимпресивни шест минути и 23 секунди иќе се случи само 60 километри југоисточно од градот.

Теоретски, најдолгото можно целосно затемнување би траело околу седум и пол минути. За да се случи ова, Сонцето би морало да биде во апогеј (на својата најоддалечена точка од Земјата), Месечината во перигеј (најблиску до Земјата), а патот на целосното затемнување би морал да помине по екваторот.

Сепак, со времетраење од шест минути и 23 секунди, целосното затемнување на Сонцето на 2 август 2027 година не е далеку од тој максимум.

Тоа далеку го надминува целосното затемнување од 2026 година, кое ќе трае две минути и 18 секунди, како и Големото Северноамериканско затемнување од април 2024 година, кое траело четири минути и 28 секунди, пренесува Еуроњуз.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано