ХРВАТСКА ЗАГРИЖЕНА ЗА ПОЧЕТОКОТ НА ТУРИСТИЧКАТА СЕЗОНА поради недостигот на гориво за авиони

Недостатокот на гориво за авиони може да доведе до зголемување на цените на авионските билети и намалување на бројот на летови, што директно влијае на пристигнувањата на туристи во Хрватска. Неколку авиокомпании предупредија дека имаат само две до три недели залихи на гориво, што ја натера европската асоцијација на аеродроми ACI Europe да изрази сериозна загриженост, објавува Net.hr.

Доколку Ормускиот теснец, клучен пат низ кој минуваат околу 40 проценти од светските залихи на гориво за авиони, не биде целосно повторно отворен наскоро, пристигнувањата на туристите ќе станат неизвесни дури и за оние кои веќе купиле билети. Проблеми со снабдувањето може да се појават уште во мај. Цените на горивата се дуплираа од почетокот на војната во Иран, а се очекува авионските билети да се зголемат за најмалку 25 проценти.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано