Земјите-членки на Европската Унија мора да се координираат околу цените на енергијата, поради зголемувањето на сметките за фосилни горива за 22 милијарди евра од почетокот на војната во Иран, изјави денеска претседателката на ЕУ, Урсула фон дер Лајен.
„Исто така, размислуваме… за координирање на полнењето на складиштата за гас во земјите-членки… Ќе го координираме ослободувањето на нафтените резерви, со цел да постигнеме најголем можен ефект, и ќе се погрижиме итните мерки на земјите-членки да не влијаат на единствениот пазар“, изјави фон дер Лајен.
Таа рече дека Европската комисија планира да објави предлози за мерки за цените на енергијата на 22 април, кои лидерите на ЕУ ќе ги дискутираат на нивниот неформален самит.
извор МИА






