Србија би можела да го ограничи извозот на храна ако продолжи глобалната криза, најави српскиот претседател Александар Вучиќ. Србија е аграрна земја и има доволно храна, и би можела да научи како да управува со стоковните фондови од кризните периоди низ кои веќе поминала, изјави агроекономистот Милан Простран за „Еуроњуз Србија“.Тој верува дека е добро да се размислува за ограничување на извозот, ако продолжи глобалната криза.
Според Вучиќ, евентуалното ограничување на извозот не би претставувало проблем за домашните земјоделци, бидејќи државата ќе им ја плати таа цена.
„Ќе имаме доволно храна, ако е потребно, ако продолжи неодговорното однесување и сè друго и ако видиме дека работите одат лошо во светските синџири на снабдување, јас лично немам проблем, ако е потребно во одредени области, ќе иницирам донесување одлуки за забрана на извозот на најважните производи што нашата земја ги создава, создава, произведува. Ќе има доволно храна во Србија, ќе има доволно од сè во Србија“, истакна Вучиќ.
Простран вели дека Србија има искуство во управувањето со стоковните фондови во претходните кризни времиња.
Тој наведува дека денешната ситуација е специфична во однос на претходните кризи низ кои помина Србија во 90-тите години од минатиот век кога не можеше да извезува поради санкции и бомбардирања и дека сега станува збор за глобални проблеми, па затоа е потребно добро да се разгледа како да се управува со стоковните фондови на храна во глобално тешки времиња бидејќи тоа е основата на опстанокот на народот.
Доколку кризата продолжи, вели Простран, сите земји ќе направат таканаречени кризни биланси за храна, вклучувајќи ја Франција, која е водечка земјоделска земја во ЕУ, Германија и Италија.
„Имаме залихи, очекувано производство и резерви. Тоа се трите ставки когасе прават биланс на храна“, рече тој.
Простран вели дека врз основа на тој таканаречен кризен биланс, ако има малку вишок, тој би можел да се пренесе барем во соседните земји, како што се Босна и Херцеговина, Црна Гора и Македонија.
Фото Економија и бизнис






