Она што јас сакам да направам е да гарантирам радикална отчетност и транспаретност, дигитализација, услови за работа за еден обвинител непречено да си ја врши својата работа на еден ефикасен и достоинствен начин. Меѓу останатото и она што често се коментира е да се обезбедат финансиски средства иако акцентот се става на платите, платите не се најголемиот проблем туку се условите за работа. Не може со сиромашна институција да се бориш против богати од криминал, вели во изјава за МИА Ненад Савески, кој денеска Собранието треба да го избере за нов државен јавен обвинител.
– Таа дигитализација можеби би била некоја програма која што би била „фиока стоп систем“. Значи, она што најчесто се натура како критика на обвинителството е тоа дека работи бавно, но и да се видат кои се причините за тоа. Дали е тоа недостиг на стручен кадар, на обвинители, дали нестостига помошен кадар за јавните обвинители, вели, меѓу другото Савески.
Јавните обвинители и сега додека зборуваме ние, си ја работат својата работа, тоа е нивна законска обврска, тоа е нивна работа, додава тој.
– Не мислам дека сега ова мое раководење со институцијата почнува и зависи од мене. Напротив, сметам дека заедно, сите ние обвинителите и сите други државни органи од кои зависи работата на Јавното обвинителство, ќе изградиме еден јак јавнообвинителски систем којшто ќе може да одговори на задачата, а тоа е откривање и гонење на криминалот, така што ништо не почнува и не завршува со мене. Напротив, тоа е институција која што си работи. Она што јас сакам да направам е да гарантирам радикална отчетност и транспаретност, дигитализација, услови за работа за еден обвинител непречено да си ја врши својата работа на еден ефикасен и достоинствен начин. Меѓу останатото и она што често се коментира е да се обезбедат финансиски средства иако акцентот се става на платите, платите не се најголемиот проблем туку се условите за да се работи. Не може со сиромашна институција да се бориш против богати од криминал, вели Савески.
Според него, секој предмет е важен, во сите предмети се решаваат човечки судбини и судбината на секој е еднакво важна, не може ние да се фокусираме на едни предмети, а да ги запоставиме другите. Токму тоа ми е интенцијата – секој предмет да си добие еднакво значење.
-Па не би издвојувал зашто не сакам да оставам впечаток дека имам тенденција да водам селективна правда. Секој предмет ќе се работи согласно закон и согласно роковите и принципите за работа.
Извор/фото МИА





