ПО КОНФЛИКТОТ ЌЕ ПОТРАЕ ЗАКРЕПНУВАЊЕТО НА ЕНЕРГЕТСКИТЕ СИСТЕМИ ВО ЗЕМЈИТЕ ОД ПЕРСИСКИОТ ЗАЛИВ, сериозно се оштетени над 40 капацитети

Повеќе од 40 енергетски капацитети во девет земји од Блискиот Исток се сериозно или многу сериозно оштетени во војната, што би можело да ги продолжи прекините во глобалните синџири за снабдување со енергија, изјави извршниот директор на Меѓународната агенција за енергија (ИЕА), Фатих Бирол.

Штетата на нафтените полиња, рафинериите и цевководите значи дека ќе биде потребно време тие повторно да се активираат.

Според него, војната ја прекинала трговијата со клучните извори на глобалната економија, вклучувајќи ги петрохемиските производи, ѓубривата, сулфурот и хелиумот, што ќе има сериозни последици за светската економија.

Бирол предупреди дека прекините во глобалните синџири за снабдување би можеле да продолжат дури и по завршувањето на конфликтот.

Повеќе од три недели конфликт на Блискиот Исток го нарушија целиот синџир на снабдување со енергија, речиси затворајќи го клучниот Ормуски теснец и доведувајќи ги цените на суровата нафта, природниот гас и горивата до висок пораст, соопшти агенцијата.

Ефектот од сегашните нарушувања е еднаков на збирот од двете големи нафтени кризи од 1970-тите и гасната криза од 2022 година по рускиот напад врз Украина, рече Бирол, пренесува Политика.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано