Цените на нафтата продолжија да растат откако американскиот претседател Доналд Трамп ги засилизаканите за напад врз цивилната инфраструктура на Иран, доколку не биде отворен Ормускиот теснец.
Фјучерсите за суровата нафта од Западен Тексас за испорака во мај продолжија да растат, тргувајќи се со повеќе од 2,9% на 115,63 долари за барел. Цената на суровата нафта од типот Брент за испорака во јуни порасна за околу 1,5% на 111,43 долари за барел.
Во понеделник, Трамп ја повтори својата закана дека САД ќе ги уништат електраните и мостовите на Иран доколку Техеран не го отвори повторно Ормутскиот теснец до вторник до 20:00 часот по источно време, истовремено сигнализирајќи дека раководството на Иран е сериозно во врска со преговорите.
Во меѓувреме, дизел горивото достигна рекордна цена во Германија во неделата, со просечна цена од 2.440 евра (2.820 долари) за литар, што е за 1,5 центи повеќе од претходниот ден. Бензинот E10 поскапе за 0,7 центи на просек од 2,191 евра за литар, објави ДПА. .
Германската влада минатата недела донесе закон со кој се ограничува зголемувањето на цените на бензинските пумпи на еднаш дневно, и тоа да се прави напладне, во обид да се ограничат флуктуациите на цените и да се обезбеди поголема транспарентност. Мерката стапи на сила во среда, 1 април.
Пред една недела, на 30 март, Германците плаќаа во просек 2.295 евра за литар дизел и 2.087 евра за литар бензин Е10.
Во понеделник напладне се забележа понатамошно зголемување на цените, при што просечната цена на дизелот се зголеми за 6,6 центи на 2.487 евра, а Е10 исто така се зголеми за 6,6 центи на 2.235 евра. Овие поскапувања, според автомобилските здруженија во Германија, се сметаат за прекумерни.
Фото Економија и бизнис






