Пакет за млади што ги следи нивната амбиција и независност
Секој „следен“ чекор во животот носи возбуда – прва голема одлука, прва плата, втор дејт – прва девојка, нова работа. И секој „следен“ чекор значи нешто повеќе – возбуда, чувство на раст, на слобода, на сопствен пат. За младата генерација, овие моменти се доказ за напредок. И токму тука започнува приказната за „NLB Next“.
Во време кога Генерацијата Z активно чекори кон независност, нивните очекувања од финансиските институции го надминуваат концептот на банка – тие очекуваат сопатник кој ја следи нивната слобода, флексибилност, нивниот свет на можности.
Препознавајќи го ова, НЛБ Банка го воведува „NLB Next“ – пакет наменет за млади, кој ја редефинира улогата на банкарството во нивниот живот – од функционална услуга, до партнер што ги поддржува амбициите, моментите и личниот напредок на новите генерации. „NLB Next“ е многу повеќе од пакет за млади – тој е платформа што ги препознава и поддржува нивните „следни“ чекори, овозможувајќи им дигитално банкарско искуство преку мобилен телефон.
„NLB Next“ е „mobile first“ искуство, бесплатен пакет наменет за сите млади на возраст од 18 до 25 години. Во себе вклучува: онлајн отворање и бесплатно одржување на денарска платежна сметка, мКлик мобилна апликација со право на плаќање, MasterCard дебитна – дигитална картичка веднаш и мобилен паричник преку NLB Pay апликацијата.
„Генерацијата Z живее во постојан „следен“ режим – следен испит, следна работа, следно патување, следно лично надградување. Името „NLB Next“ симболизира амбиција, движење и континуиран развој – глобално разбирливо и вклопено во нивниот јазик и динамика. Концептот зад „NLB Next“ комбинира емоционални животни моменти со јасни и конкретни придобивки од дигиталните услуги. Со тоа, дигиталната трансформација ја правиме културно релевантна и блиска до младите. “ – истакнуваат од НЛБ Банка.
Меѓу другото, предностите на пакетот се и: студентски поволности од типот на бесплатни е-налози кон факултети, специјални попусти и привилегии кај трговци преку NLB Next Клуб за млади, а она што дефинитивно го прави овој пакет поразличен е секоја „следна“ придобивка – секој месец нешто повеќе, пристап до поволности и услуги прилагодени на нивните потреби, со што пакетот е секогаш свеж и возбудлив за младите.
„NLB Next ја следи индивидуалноста и животната слобода на младите. На оние кои го сакаат светот на музиката, на оние кои ја наоѓаат возбудата во спортот, гејмерите, скејтерите, оние кои истражуваат нови начини на учење… NLB Next е твој момент, твој ритам.“ – заклучуваат од НЛБ Банка.
Отворање на пакетот за млади „NLB Next“ се врши лично во експозитурите на НЛБ Банка, со документ за идентификација – лична карта или пасош.
На фотографијата е Стефан Тодоров (19 год), македонски пливач






