Бројот на работниците во индустријата е намален за 3,6 проценти во јануари годинава во однос на јануари лани, објави денеска Државниот завод за статистика.
Во секторот Рударство и вадење камен има намалување на бројот на работниците за 6,2 проценти, во Преработувачката индустрија за 3,6 проценти, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,5 проценти.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во јануари
2026 година, во однос на јануари 2025 година, се намалил во групите Енергија за 2,5 проценти, Капитални производи за 4,9 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4,5 проценти и Интермедијарни производи, освен енергија за 2,7 процентi, а се зголемил во групата Трајни производи за широка потрошувачка за 1,9 проценти.
Фото Економија и бизнис







