Контрола на боледувањата кај вработените во МВР – едно од пет боледувања се неправилни

Фонд за здравствено осигурување на Македонија, по барање на Министерство за внатрешни работи, спроведе контрола на боледувањата кај вработените во МВР.

Се контролирале беа 80 лица со вкупно 514 боледувања. Од нив:

– 258 боледувања биле до 7 дена
– 171 до 15 дена
– 83 траеле 30 или повеќе дена.

Најчестите дијагнози за боледувањата биле респираторни болести, проблеми со мускулниот систем и дигестивни пречки.

Констатирани неправилности:

Од 80 контролирани лица, кај дури 29 лица (37%) се утврдени неправилности.

Од вкупно 514 боледувања, 100 биле неуредно издадени, што е речиси секое петто боледување!

Кој ги издавал спорните боледувања?

Контролата опфати 105 приватни установи (ПЗУ), три ЈЗУ и три лекарски комисии:

-Неправилности кај 27 ординации по општа медицина и 2 по гинекологија.

-Пропусти кај 3 специјалисти во државното здравство.

-Неправилности кај 2 лекарски комисии (ПЛК/ВЛК).

Главни прекршоци:

Не се почитувале задолжителните дијагностички постапки

Се надминувале дозволените временски рамки.

Казни и одговорност:

За утврдените прекршоци веќе се покренати постапки за казни во вкупен износ од околу 1,2 милиони денари.

Ова е дел од пошироката акција за засилена контрола во јавниот сектор, каде надоместоците за боледување достигнуваат до 80-100%, со цел да се стави крај на злоупотребите на системот, пишува во објавата на Фејсбук директорот Клековски.

Повеќе од истиот автор

Најчитано