Финансиските компании веќе не се само алтернатива, туку клучни актери во трансформацијата на финансискиот сектор, вели Бјанка Катру од M КЕШ, во интервју за Економија и бизнис. Според неа, пазарот влегува во фаза на созревање во која брзината, флексибилноста и технологијата стануваат новиот стандард.
Катру очекува трендот на раст на секторот да продолжи, но со поголем фокус на квалитетни и сегментирани услуги. Таа посочува дека корисниците веќе не бараат само финансиска услуга, туку и брзо и едноставно дигитално искуство.
Во компанијата веќе е целосно дигитализиран процесот за аплицирање и одобрување кредит, кој може да се заврши за неколку минути и е достапен 24 часа дневно. Во иднина се очекува развој на решенија како е-паричници, QR-плаќања и персонализирани дигитални услуги.
Целото интервју прочитајте го на ЛИНКОТ




