Инфлацијата во Турција на најниско ниво во последните четири години

Годишната инфлација во Турција  забави на 30,87 проценти во март, од 31,53 проценти во февруари, што е најниско ниво во последните четири години, покажуваат официјалните податоци.

Оваа бројка претставува најниско годишно зголемување на потрошувачките цени од декември 2021 година, кога инфлацијата, според Турскиот институт за статистика, изнесуваше 36,08 проценти.

На годишно ниво, најголемо зголемување на цените е забележано во образованието (51,97 проценти), домувањето (42,06 проценти) и транспортот (34,35 проценти), објави турскиот гувернер Фатих Карахан.

Најмали зголемувања се забележани кај облеката и обувките (7,2 проценти), мебелот и опремата за домаќинството (20,2 проценти) и информациите и комуникациите (24,12 проценти).

Туркстат наведува дека главните групи на трошоци со најголемо учество се храната  и безалкохолните пијалоци (32,36 проценти), транспортот (34,35 проценти ) и домувањето (42,06 проценти).


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано