За денес е закажана 97 седница на Собранието, а на дневниот ред на седницата е предлогот за избор на вицегувернери на Народна банка. Предлогот за именување на вицегувернери на Народната банка на Република Северна Македонија во електронска форма е доставен до пратениците врз врз основа на член 120 од Деловникот на Собранието.
Во согласност со член 50 и 50-а од Законот за Народна банка, беше објавен јавен оглас за избор на двајца кандидати за вицегувернери. По спроведувањето на јавниот оглас, за вицегувернери на Народна банка до Собранието за именување на оваа функција се предложени м-р Ана Митреска, актуелната вицегувернерка и д-р Игор Величковски, директорот на Секторот за операции на финансиските пазари и платни системи.
Кандидатката Ана Митреска која е предложена за втор мандат, е доктор по монетарна економија и долгогодишен експерт во Народната банка, каде што од 2011 година ја предводи Дирекцијата за монетарна политика и истражување, а претходно била заменик-директор и истражувач во истата институција. Првпат таа беше избрана на функцијата вицегувернер во октомври 2018 година.
Вториот кандидат Игор Величковски е доктор по монетарна економија на Универзитет во Стафордшир во Велика Британија и долгогодишен експерт во областа на платните системи и финансиските пазари. Тој е дел од Народната банка од 2012 година а од 2013 година ја извршува функцијата директор на Дирекцијата за платни системи. Оваа функција ја извршува до октомври 2024 година, кога по институционална реорганизација е назначен за директор на Секторот за операции на финансиските пазари и платни системи.
Фото Економија и бизнис







