Земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала во 12:05 часот во Скопје регистрираше Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
-Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денеска во 12 часот и 5 минути беше почувствуван земјотрес од епицентралното подрачје Скопје. Неговата магнитуда изнесува 2,7 степени според Рихтеровата скала. Земјотресот беше почувствуван во градот Скопје и околината со интензитет III-IV степени според Европската макросеизмичка скала, соопшти Опсерваторијата.
извор МИА







