Повеќе од три четвртини од работодавачите во Словенија, Хрватска, Унгарија, Бугарија, Србија и Босна и Херцеговина планираат да ги зголемат платите, a за повеќето тоа зголемување ќе биде до 10 проценти, според најновиот извештај на „Менпауер“ за регионалните трендови на платите и вработеноста за првата половина од оваа година.
Југоисточна Европа влегува во првата половина од 2026 година со пазар на труд каде што зголемувањето на платите повеќе не е исклучок, туку станува основен трошок за задржување на талентите.
Податоците од извештајот покажуваат дека зголемувањето на платите првенствено е поттикнато од два фактори: притисок за задржување на вработените и инфлација, која 60 проценти од работодавачите во регионот ја наведуваат како причина за зголемување на платите.
„Тоа одразува структурна промена во однесувањето на работодавачите. Надоместокот повеќе не е само механизам за наградување, туку сè повеќе алатка за одржување на оперативната стабилност и спречување на губење на таленти. Бенефициите стануваат целна алатка“, информираат од компанијата „Менпауер“.
Иако платите продолжуваат да растат, 77 проценти од компаниите не планираат големи промени во бенефициите, но еден од пет работодавачи ги зголемуваат бенефициите, што укажува дека бенефициите сега се користат стратешки, особено за тешко пополнети работни места и работни места чувствителни на задржување.
Истражувањето на компанијата, исто така, покажува дека предизвиците со вработувањето се уште се присутни низ целиот регион, а најтешките позиции за пополнување се: производство (наведено од 34 проценти од испитаниците), логистика и складирање (26 проценти) и продажба и набавки (25 проценти). Овие предизвици сугерираат дека растот во многу компании е ограничен не од побарувачката, туку од достапноста на работна сила.
Околу 41 процент од работодавачите планираат да ја зголемат вработеноста во иднина, додека само седум проценти очекуваат намалување, пренесува Блиц.
Фото Економија и бизнис






