ЗАЧЕСТИЈА КРАЖБИТЕ НА ДИЗЕЛ ГОРИВО ВО ГЕРМАНИЈА, на мета се градилишта, цистерни и камиони

Порастот на цените на горивата во Германија доведе до бран кражби на дизел, особено од градилишта, цистерни и камиони, соопшти германската полиција. Во последните неколку дена беа пријавени инциденти во Долна Саксонија, Хесен и Баден-Виртемберг, во кои непознати лица украле илјадници литри гориво, објави „Билд“.

Само во Бисендорф, од градилиштето исчезнаа 3.000 литри дизел, а во Швалм-Едер повеќе од 1.500 литри од резервоари и градежна опрема. Полицијата соопшти дека мотивот за кражбите е поврзан со високите цени на горивата: литар дизел сега чини 2,16 евра, што е зголемување од 46 центи од почетокот на војната на Блискиот Исток.

Во неколку случаи, сторителите беа фатени, вклучувајќи и 37-годишен маж од Билштет со канистри со украдено гориво. Инциденти не се случуваат само на градилишта – во Равенсбург и Улм, илјадници литри беа украдени од индустриски возила и магацини, додека возачите на камиони во Мехерних изгубија 1.600 литри дизел додека спиеја.

Портпаролката на полицијата нагласи дека бројот на вакви кражби е невообичаен и дека е потребен сериозен напор за да се спречат слични случаи во иднина.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано