Европската централна банка (ЕЦБ) денес одлучи да ги задржи трите клучни каматни стапки на исто ниво, наведувајќи дека војната на Блискиот Исток ја зголемува неизвесноста и претставува ризик што може да влијае на економскиот раст и инфлацијата.
Војната ќе има значително влијание врз краткорочната инфлација преку повисоки цени на енергијата, а среднорочните последици ќе зависат од интензитетот и времетраењето на конфликтот и од тоа како цените на енергијата влијаат врз потрошувачките цени и економијата, се вели во соопштението на ЕЦБ.
Каматните стапки беа задржани на ниво од два проценти за депозитите, главните операции за рефинансирање на 2,15 проценти, додека маргиналниот кредитен аранжман ќе остане на 2,4 проценти.
Фото Економија и бизнис





