Европските берзи денес беа претежно затворени, како и пазарите во Соединетите Американски Држави, бидејќи христијаните кои сметаат според Грегоријанскиот календар го одбележуваат Велики петок, додека Московската берза беше отворена, а нејзиниот индекс MOEX порасна за 0,26 проценти на 2.782,12, а пазарите го следеа извештајот за вработување во САД за март за нови сознанија за состојбата на американската економија.
Според податоците од берзата, цената на суровата нафта се зголеми за 11,41 проценти на 111,540 долари за барел на затворањето на тргувањето вчера, а цената на нафтата од типот Брент се зголеми за 7,78 проценти на 109,030 долари.
Активноста на берзата Форекс е минимална, а вредноста на еврото во однос на доларот се зголеми за 0,04 проценти на 1,15435 поени.
На американските пазари, вредноста на индексот Dow Jones падна за 0,13 проценти на 46.504,67 поени, додека S&P 500 порасна за 0,11 проценти на 6.582,69 поени, а вредноста на индексот Nasdaq за 0,18 проценти на 21.879,18 поени.
Денеска американскиот пазар на трудот е во фокусот, бидејќи се очекува објавувањето на извештајот за март, со проекција дека се создадени околу 59.000 нови работни места, што е слабо темпо на раст, но доволно за да се задржи стапката на невработеност на 4,4 проценти, објавува CNBC.
Таквиот резултат би бил над сегашниот тренд, со оглед на тоа што американскиот пазар на трудот практично стагнирал во текот на изминатата година.
Промените во демографијата, ограничувањата за имиграција и геополитичката неизвесност значат дека компаниите ретко вработуваат, но и избегнуваат масовни отпуштања.
Здравствениот сектор останува главен двигател на вработувањето, речиси целиот раст доаѓа од оваа област.
Сепак, аналитичарите предупредуваат дека станува збор претежно за пониско платени работни места, кои имаат ограничено влијание врз потрошувачката и поширокиот економски раст, пренесува РТВ.
Фото Економија и бизнис





