Конфликтот во Иран предизвикува пораст на цените на енергија и ѓубрива и тревога дека може да се врати инфлацијата. Земјоделците се подготвуваат за недостиг на ресурси кој би можел негативно да влијае на приносите. Во функција на избегнување на поголеми ценовни шокови претставниците на маркетите во Македонија и премиерот Христијан Мицкоски завчера одржаа состанок на кој „заеднички заклучиле дека треба да има фер цени на производите и оти не треба да има ново зголемување“.

Денеска на Зелениот пазар во центарот на Скопје имаше малку купувачи кои се снабдуваа со градинарски производи. Цената на доматите се движеа од 80 денари кои на тезгите стоеле неколку дена, додека свежиот се продаваше по цена од 130 до 160 денари.

Свежите краставици се продаваа за 80 до 100 денари. Еден килограм свежа зелка чини 80 до 90 денари. Парче зелената салата (марула) чини 30 денари, стариот компир се продава за 50 денари, кромидот за 40 денари. Цената на гравот зависи од „географското потекло“ и се движеше од 150 денари за килограм до 250 денари за свеж кочански грав.
Фото Економија и бизнис





