Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека голем број празни танкери за нафта се упатуваат кон САД за да товарат американска нафта и гас.
„Имаме повеќе нафта од следните две најголеми нафтени економии заедно и повисок квалитет“, рече Трамп во објава на неговата платформа за социјални медиуми Truth Social.
Најавата на Трамп дојде во време кога високи американски и ирански претставници се состанаа денеска со пакистанските медијатори во Исламабад, додека Техеран ги поставува своите црвени линии за кои вели дека Вашингтон мора да ги прифати пред да се одржат директни разговори за да се стави крај на шестнеделната војна, пренесуваат медиумите во светот.
Фото Економија и бизнис





