Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се сретна со претставници на надлежните министерства и институции во врска со состојбата на пазарот на горива и состојбата со резервите.
Цените се искачија на 112 долари за барел на глобално ниво откога иранските медиуми објавија за напад врз објект во најголемото поле за природен гас во светот.
Цената на суровата нафта од типот „Брент“ рано утрово во Азија достигна 112 долари за барел, што е повеќе од пет проценти повеќе од цената во вторникот, јави Би-би-си.
Скокот следуваше по извештаите дека иранскиот петрохемиски комплекс на гасното поле Јужен Парс е погоден.
Часови подоцна Катар објави дека е предизвикана голема штета на индустриската локација Рас Лафан по заканите од Иран. Иако цената и на нафтата и на гасот нагло се зголеми, таа остана под максимумите забележани претходно во конфликтот, јави Би-би-си потсетувајќи дека нафтата достигна цена од 116,78 долари за барел на 9 март.
Извор МИА
Фото Економија и бизнис







