ВОЈНАТА ВО ИРАН ГО ЈАКНЕ АМЕРИКАНСКИОТ ДОЛАР

Минатата недела на глобалните пазари, доларот зајакна во однос на кошничката валути, бидејќи кризата на Блискиот Исток ги поддржува цените на нафтата на покачени нивоа, што ја прави сè поневеројатно дека американскиот Фед ќе ги намали каматните стапки оваа година.

Индексот на доларот, кој ја мери вредноста на американскиот долар во однос на шесте главни светски валути, порасна за 0,7 проценти минатата недела, на 100,19 поени, и е на пат да добие околу 2,6 проценти овој месец.

Доларот зајакна во однос на европската валута за 0,5 проценти, при што вредноста на еврото се намали  на 1,1510 долари.

Американската валута зајакна и во однос на јапонскиот јен, за 0,7 проценти, при што доларот достигна 160,30 јени.

Глобалните финансиски пазари се нестабилни додека кризата на Блискиот Исток продолжува, додека војната меѓу САД и Израел против Иран влезе во својата петта недела.

Затоа, инвеститорите бараат побезбедно засолниште за својот капитал, што го поддржува зајакнувањето на доларот.

Повисоките цени на нафтата би можеле да предизвикаат зголемување на инфлацијата и забавување на економскиот раст, како што веќе предупредија централните банки.

Како резултат на тоа, очекувањата дека американските Федерални резерви ќе ги намалат каматните стапки оваа година се намалија, пренесува Сеебиз.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано