БЕРЗАНСКИТЕ ИНДЕКСИ НА НАЈНИСКО НИВО ПО ВОЈНАТА ВО ИРАН, инвеститорите воздржани по прогнозите на ФЕД

Вредноста на акциите се  намалија откако новите податоци за американската економија, како и коментарите од шефот на Федералните резерви, го засилија стравот  за раст на инфлацијата во САД.

По вчерашното тргување Dow Jones Industrial Average изгуби 768,11 поени, или 1,63%, завршувајќи на 46.225,15. Индексот достигна ново дно за годината и затвори под својот 200-дневен подвижен просек. Со пад од почетокот на месецот сега поголем од 5%, берзанскиот индекс  е на добар пат за најлошиот месец од 2022 година. S&P 500 се намали за 1,36% на 6.624,70, додека Nasdaq Composite падна за 1,46% и заврши на 22.152,42.

Федералните резерви ја задржаа својата референтна каматна стапка во опсег помеѓу 3,5% и 3,75%, наведувајќи во својата изјава по состанокот дека „импликациите од настаните на Блискиот Исток за американската економија се неизвесни“.

„Прогнозата е дека ќе видиме напредок во инфлацијата, не толку колку што се надевавме, но се очекува одреден напредок во инфлацијата“, изјави претседателот на Федералните резерви, Џером Пауел, за време на прес-конференцијата.

Индексот на цените на производителите во САД,  кој ги следи промените во големопродажните цени, се зголеми за 0,7% во февруари. Извештаите покажуваат  дека инфлацијата веќе била на несигурни нивоа пред почетокот на војната со , што ги зголеми стравувањата од стагфлација поради зголемувањето на цените на нафтата, пренесува Сеебиз.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано