Делови од општините Гази Баба, Аеродром, Карпош и Чучер Сандево утре, во одредени периоди од денот, нема да имаат струја.
Како што информира ЕВН Македонија АД, прекините ќе бидат поради зафати во електродистрибутивната мрежа.
Без електрична енергија ќе останат: од 08:00 до 10:00 часот корисниците од дел од ул. 2 во село Булачани, Општина Гази Баба, од 08:30 до 15:30 часот корисниците од дел од ул. „Тодор Чангов“ (подулиците со број: 35, 37 и 39), Општина Аеродром, од 09:00 до 15:00 часот корисниците од дел од ул. „Франц Розман“, Општина Карпош и од 09:00 до 16:00 часот корисниците од селата Побожје, Бродец, Брест, Танушевци и Малино, Општина Чучер Сандево.
извор МИА






