На Зелениот пазар, главниот градски пазар во Скопје, денеска имаше мала понуда на домати и пиперки, а ретките купувачи главно се распрашуваа за цената на зеленчукот. Доматот се продаваше само на две-три тезги по цена од 200 денари (кочански црвен) до 250 денари. Пиперките се продаваа за цена од 280 денари. Килограм краставици чинеа од 80 денари до 120 денари (штипски). Цената на зелката се движеше од 60-80 денари, кромидот и стариот компир по 40 денари. Зелената салата парче се продава за 30 денари.


Пред поскапувањето на горивата, на 12 март земјоделските производи на Зелениот пазар се продаваа по следните цени: доматите се продаваа од 80 денари кои на тезгите стоеле неколку дена, додека свежиот се продаваше по цена од 130 до 160 денари.
Свежите краставици се продаваа за 80 до 100 денари. Еден килограм свежа зелка чинеше 80 до 90 денари. Парче зелената салата (марула) чинеше 30 денари, стариот компир се продаваше за 50 денари, кромидот за 40 денари. Цената на гравот зависи од „географското потекло“ и се движеше од 150 денари за килограм до 250 денари за свеж кочански грав.
Фото Економија и бизнис






