Е-Б-Ф-Б
ШТО КАЖУВА АНКЕТАТА НА ИРИ ЗА МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА?



Анкетата на ИРИ (Меѓународниот републикански институт) е направена во периодот 19-25 април годинава, со вклучување на 1.104 испитаници. Ова се наодите од анкетата што се директно или индиректно поврзани со перцепцијата за тековната состојба и за иднината на македонската економија:

- 67% од испитаниците сметаат дека Македонија е помалку стабилна во споредба со периодот пред една година;

- 58% од испитаниците сметаат дека Македонија оди во погрешна насока, што е највисок процент од април 2008 година наваму;

- испитаниците сметаат дека најсериозните два проблеми со кои се соочува Македонија денес се невработеноста и тековната политичка криза.

- интересите на Македонија најдобро се заштитени преку цврсти врски со следните меѓународни ентитети, подредени според значењето што им го дале испитаниците: ЕУ, Германија, Турција, Америка, Русија, Кина.

- од 96% во април 2008 година сега 71% од испитаниците поддржуваат Македонија да стане членка на ЕУ, што е најмала поддршка во набљудуваниот период;

- слично е и кај поддршката за влегување во НАТО.  Од 92% во април 2008 година поддршката е намалена на 73%, исто така најмала поддршка во набљудуваниот период;

- во однос на промените во квалитетот на животот од почетокот на годинава наваму, 44% од испитаниците сметаат дека квалитетот е ист, 13% сметаат дека е подобар, а 42% дека е полош;

- правејќи споредба со економската ситуација во нивното семејство во споредба со 2015 година, 50% од испитаниците сметаат дека останала иста, 15% сметаат дека е подобра, а 35% сметаат дека е полоша;

- во однос на очекувањата за тоа каква ќе биде македонската економија после 2 години, 32% очекуваат дека ќе биде иста, 21% дека ќе биде подобра, а 35% дека ќе биде полоша;

- во поглед на невработеноста во последните години, 41% сметаат дека се намалила, а 44% дека се зголемила;

- во поглед на тоа дали Владата има ефективен план за решавање на економските проблеми на Македонија, 33% од испитаниците сметаат дека има план, а 54% дека нема план;

- 51% од испитаниците сметаат дека е потребна поголема поддршка за домашните инвестиции и компании;

- На прашањето што им е поважно, демократско владеење или просперитетна економија, 47% од испитаниците се одлучиле за демократско владеење, а 45% за просперитетна економија.

 

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top