АЛКАЛОИД со раст на консолидираните продажби од 14 %, раст на консолидираниот извоз од 20 %, со 127 нови вработувања во земјава и инвестиции од 8 милиони евра во периодот јануари – јуни 2022 г.
Приходи од продажби
Според единечниот биланс на успех, во периодот јануари – јуни 2022 година продажбите достигнуваат 5.283.892.387 денари, што е за 10 % повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Вкупните консолидирани продажби, пак, достигнуваат 7.131.908.525 денари, што е за 1...