Финансии / Банкарство

200 МИЛИЈАРДИ ЕВРА ЗА ОДРЖЛИВИ ИНВЕСТИЦИИ НАЈАВИ ДОЈЧЕ БАНК

блиц свет

Германскиот заемодавател „Дојче банк“ (DBKGn.DE) планира да испорача најмалку 200 милијарди евра во т.н. одржливо финансирање и инвестиции до 2025 година. Средствата ќе бидат пласирани како директни заеми од банката, обврзници пласирани во име на нивните клиенти, како и средствата кои ги менаџира нивната приватна (комерцијална) банка, а од компанијата прецизираат дека во овој пакет не влегуваат средствата на нивниот финансиски фонд (DWS). При креирањето на бројните мерки за справување со економските последици од корона вирусот, државите и финансиските органи се под притисок за вклучување на глобално договорената транзиција кон економија со низок јаглерод во срцето на економските мерки за поддршка на стопанството. „Ние сме водени од нашата цврста убеденост дека треба да помогнеме во обликувањето на глобалната промена кон одржлива, климатски неутрална и социјална економија“, изјави главниот извршен директор Кристијан Шиење, нарекувајќи ја целта од 200 милијарди евра за следните пет години „амбициозна“ во однос на оние на нејзините ривали. „Дојче банк“ е најголемата германска банкарска институција чие портфолио на работа најмногу е фокусирано на европскиот пазар.

ПРЕПОРАЧАНО