Финансии / Банкарство

Царината спречи нелегално изнесување на 22 илјади евра и криумчарење пиротехника

Кривична пријава е поднесена за македонски државјанин кој се обидел да криумчари пиротехнички средства за огномети – експлозивна материја чија употреба подлежи на дозволи и е строго регулирана.  Случајот е откриен на влез во државата на граничен премин Табановце при извршен претрес на возило со германски регистарски таблички коешто го управувало лицето. При преглед  на стоката сместена во багажниот простор, во црна голема торба на дното, помеѓу алишта, е пронајдена непријавена кутија со  пиротехнички материјал, во која се наоѓаат три системи со 195 патрони за огномет со вкупна маса од 450 грама експлозив.
Мобилни царински тимови спречија обиди за нелегален изнес на девизи и стока со ознаки на заштитени трговски марки. Запленети се 10 илјади евра, како и 325 детски комплети, ѕидни часовници, 6 огледала и 16 маси.

На граничен премин Табановце, при личен претрес на македонски државјанин кој патувал со автобус откриени се 12 илјади евра. Лицето се обидело нелегално да ги изнесе девизите, при што му се вратени две илјади евра, а преостанатите 10 илјади евра се привремено задржани, согласно законските прописи. 

При контрола на камион со контејнер натоварен со стока од Кина, на влез во државата на граничниот премин Богородица, откриени се 25 ѕидни часовници, 6 огледала и 16 маси со ознаки на заштитени трговски марки. Производите се запленети поради сомневање дека повредуваат права од интелектуална сопственост.

 

 

ПРЕПОРАЧАНО