Бизнис

ЗА ТРИПАТИ ПОГОЛЕМ ПРОМЕТ ОСТВАРЕН НА НАЈГОЛЕМИОТ МУЗИЧКИ КОНЦЕРТ НА ТОМПСОН? - објавени официјални податоци од Даночната управа во Загреб

Даночната управа на Хрватска ги објави податоци за остварениот промет на вчерашниот ден од одржувањето на најголемиот концерт одржан на хиподромот во Загреб од националната музичка ѕвезда  Марко Перковиќ Томпсон на Хиподромот.  Продавачите изразија задоволство од својата заработка веќе во саботата пред спектаклот што собра половина милион фанови на едно место. Износот на издадени фискални сметки во угостителскиот сектор во Загреб во саботата изнесуваше 9,6 милиони евра, што е три пати повеќе од просекот од претходните денови.

Официјалните податоци  на Даночната управа на Хрватска даваат увид во бројот и износот на фактурите за градот Загреб. Имено, на официјалната веб-страница на Даночната управа се објавени податоците кои покажуваат дека бројот на фактури во петок, 4 јули 2025 година, денот пред концертот, останал ист во споредба со петок, 5 јули 2024 година, додека износот на издадените фактури бил за 7% поголем. Во петок, 4 јули 2025 година, во споредба со петок, 27 јуни 2025 година, бројот на фактури бил за 1% поголем, додека износот на фактурите бил  за 3% поголем. Понатаму, во сабота, 5 јули 2025 година, денот на концертот, во споредба со сабота, 6 јули 2024 година, бројот на сметки е за 14% поголем, а износот на фискалните сметки е повисок за  16%.

За активности - подготовка и послужување храна и пијалоци, податоците покажуваат дека бројот на сметки во петок, денот пред концертот, 4 јули 2025 година, во споредба со петок, 5 јули 2024 година, бил за 5% помал, додека износот на сметката бил повисок за 16%. Во петок, 4 јули 2025 година, во споредба со петок, 27 јуни 2025 година, бројот на сметки останал ист, додека износот на сметките бил за 11% поголем. Во сабота, 5 јули 2025 година, на денот на концертот, во споредба со сабота, 6 јули 2024 година, бројот на издадени фактури е за 69% поголем, а износот на фискалните сметки е повисок за 229%. Во сабота, 5 јули 2025 година, во споредба со сабота, 28 јуни 2025 година, бројот на фактури е поголем за 71% , а износот на издадени сметки е поголем за 203%, објави Пословни дневник.


фото freepic 

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано