Бизнис
ГОДИНАВА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ ВО МАКЕДОНИЈА ПОСКАПЕЛЕ ЗА 5,4 ОТСТО, во јуни највисоко поскапување има кај храната, ноќевањaта се со пониски цени
04.07.2025
Цените на угостителските услуги во јуни 2025 година се зголемени за 0,2 % во однос на претходниот месец. Индексот на цените на угостителските услуги во јуни 2025 година во однос на мај 2025 година
e 100.2.
Индексот на цените на угостителските услуги во јуни 2025 година во однос на истиот месец од претходната година е 104.6.
Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги во периодот јануари – јуни 2025 година во однос на истиот период од минатата година е 105.4.
Во периодот јуни 2025/јуни 2024 храната во угостителските објекти во земјава поскапела за 7,7 отсто, алкохолните пијалоци за 6,7 , соковите за 5,1 отсто. Ноќевањата во истиот период поевтиниле за 6,6 отсто.