Бизнис

НЕПОВОЛНИ ПРОГНОЗИ ЗА БиХ: ВО ОПАСНОСТ СЕ 10.000 РАБОТНИ МЕСТА!

До крајот на 2025 година тешко е да се очекува позитивни промени на пазарот на трудот во Федерацијата на Босна и Херцеговина, а сегашниот број на вработени, динамиката на вработување и општите трендови не влеваат оптимизам, предупредува Адмир Чавалиќ, економски аналитичар и пратеник во федералниот парламент.

Според него, првата причина е што од државниот буџет се трошат над 50 милиони евра  за да се зачуваат 70.000 работни места во ФБиХ.

- Критериумите се такви што со отпуштање на еден работник компанијата автоматски го губи  правото на компанијата. Замислете каква е оваа помош за компанијата која мора да чува „маргинален работник“, вели Чавалиќ.

Според негово мислење, годинава е пропуштена приликата за вработување во т.н. златни месеци за вработувања во изминатите години (април, мај, јуни и јули). Билансот за вработување во овие месеци е негативен од минус 5.000 работници. Следната година се планира и зголемување на минималната плата во земјата што ќе претставува дополнителен товар за компаниите.

- Во случај да добијат отказ 10 отсто од работниците кои се подржани со субвенции, тоа се дополнителни 7.000 откази, објави Адмир Чавалиќ, пренесува Радио Сараево.


фото freepic 

 

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано