Бизнис

За еден месец издадени одобренија за градба на 729 стана

Во април 2025 година се издадени 357 одобренија за градење, што е за 38.9 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува  6 316 119 илјади денари, што е за 10,7 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 177 (49.6 %) се наменети за објекти од високоградба, 61 (17.1 %) за објекти од нискоградба и 119 (33.3 %) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 357 објекти, на 154 (43.1 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 203 (56.9%) објекти инвеститори се деловни субјекти. 

Во извештајниот период е предвидена изградба на 729 станови со вкупна корисна површина од  60 833 м2.

Главни поенти

Во април 2025 година:

  • Најмногу одобренија за градење, 177, се издадени за високоградба
  • Во Скопскиот Регион се издадени најмногу одобренија за градење, 89
  • За изградба се предвидени 729 станови

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано