Бизнис

ОВОШЈЕТО И КАФЕТО ВО ГРЦИЈА ПОСКАПЕЛЕ ЗА 18 ОТСТО, инфлацијата за мај зголемена на 2,5 отсто

10.06.2025

Меѓу 11 и 18 отсто се зголемиле цените на овошјето, какаото, кафето, чајот, струјата, кириите, природниот гас во Грција во период од една година, согласно официјалните податоци од грчката Служба за статистика, додека инфлација во мај била 2,5 отсто, јави дописничката на МИА од Атина.

Годишната инфлација за еден месец е зголемена за 0,5 проценти, односно на 2,5 отсто од 2 проценти во арпил годинава.

Според официјалните податоци, од мај 2024 до мај 2025 година, најголемо зголемување, за 18 отсто бележи струјата, а најголемо намалување има на цената на маслиновото масло за 34,4 отсто.

Зголемување на цените има и на природниот гас (за 11,1 отсто), кириите (10, 9 проценти), на патувањето со авион (за 9,3 отсто), на пакет понудите за одмор (8,5 проценти) итн.

Кај прехранбените производи, овошјето е за 13,2 проценти поскапо, кафето, какаото и чајот за 12,3 отсто, месото во споредба со лани е за 5,3 проценти поскапо, зеленчукот за 4,2 отсто, лебот и житните производи за 3,1 процент итн.


фото freepic   

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано