Бизнис

ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ГО ЗГОЛЕМУВА ФОНДОТ ЗА ФАРМИТЕ НА ВЕТЕР

09.05.2025

Владата на Велика Британија денеска објави дека го зголемува износот на финансирање достапен во рамките на програмата „Бонус за чиста индустрија“ за офшор ветерни фарми од претходно најавените 200 милиони фунти на 544 милиони фунти (околу 642 милиони евра), откако интересот на инвеститорите ги надмина очекувањата.

„Дополнителното финансирање може да обезбеди милијарди фунти приватни инвестиции во нови фабрики за производство на компоненти за офшор индустријата за ветер“, се вели во соопштението на Министерството за енергетска безбедност и нето нулти емисии.

Програмата „Бонус за чиста индустрија“ е наменета за проекти што се натпреваруваат на претстојниот тендер за субвенции, а победниците ќе добијат 27 милиони фунти за секој гигават инсталиран капацитет на офшор ветерни фарми, објави Еуроњуз.

Велика Британија сака да го зголеми капацитетот на своите офшор ветерни фарми од сегашните 15 гигавати на дури 50 гигавати до крајот на деценијата.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано