Бизнис

ВО АПРИЛ ВИСОК РАСТ НА ТУРИСТИ ВО ХРВАТСКА, ВО КАМПОВИТЕ ПОРАСТ ОД 36 ОТСТО

09.05.2025

Хрватска во април ја посетиле 1,2 милиони туристи, или 14 отсто повеќе во однос на истиот месец минатата година, додека бројот на ноќевања се зголемил за 17 отсто, на 3,6 милиони, покажуваат податоците на Хрватскиот национален туристички завод (HTZ).

Во првите четири месеци има зголемување од 3 отсто со 2,27 милиони туристички пристигнувања и 4 отсто  со 6,4 милиони ноќевања. За добрите резултати во април годинава, придонесоа и велигденските празници, кои за четири дена донесоа и двоцифрено зголемување на физичкиот туристички сообраќај во споредба со истите празници минатата година (кога беа порано, во март).

Според податоците на Хрватскиот туристички завод од системот eVisitor, во првите четири месеци имало 1,57 милиони странски туристи и 4,8 милиони ноќевања, што е зголемување од 2 и 4 проценти во споредба со истиот период минатата година.

Како и обично, во април годинава, најголемиот дел од ноќевањата, или 3,1 милиони, ги оствариле странски туристи, што е за 20 отсто повеќе во однос на април минатата година, а тие дошле за 16 отсто, или 997,2 илјади.

Најмногу туристи избрале хотели за сместување во април, каде што евидентирале 1,6 милиони ноќевања, или 12 отсто повеќе во однос на април минатата година. На второ место се приватните објекти за сместување, со 806,6 илјади ноќевања, или 21,6 отсто повеќе, се рангирале на второ место меѓу комерцијалните сместувачки капацитети.

Камповите се на трето место меѓу овие објекти со 546,5 илјади ноќевања, но тие забележаа убедливо најголем пораст од сите во споредба со минатиот април, од дури 36 отсто.


фото freepic   

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано