Lifestyle

КОЛКУ ЌЕ ЧИНИ „КУПУВАЊЕТО“ НА ГРЕНЛАНД ОД СТРАНА НА САД?

15.04.2025

Евентуалното купување на Гренланд од Данска би можело да ги чини САД повеќе од 2,2 милијарди долари, со дополнителна годишна исплата на сумата од над 600 милиони долари, објави неделникот Њузвик, врз основа на сопствени пресметки.

Вкупната понуда на американската влада може да надмине 2,2 милијарди долари. Трамп не е првиот американски претседател , кој искажал интересирање за Гренланд . Претседателот на САД Хари Труман во 1946 година и понудил на Данска 100 милиони долари во злато за овој остров или во денешната пресметка би изнесувало околу 1,6 милијарди долари.

Американскиот магазин објави дека до сумата од 2,2 милијарди долари се доаѓа врз основа на понудата на Труман со дополнително пресметување на инфлацијата и на тоа се додава и годишната рата од 600 милиони долари за Данска  што ги предлага Доналд Трамп.

Официјалните лица на Данска инстистираат на ставот дека овој ретко населен остров не е за продажба, пренесува Б92.


фото freepic 

 

ПРЕПОРАЧАНО