Бизнис

ТРГОВЦИТЕ НА НАФТА СТРАВУВААТ ОД ЗАБАВУВАЊЕ НА ЕКОНОМСКИОТ РАСТ

14.04.2025

Цените на нафтата се намалија минатата недела, по втор пат по ред, поради царинската војна меѓу САД и Кина, како и најавата на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) за зголемување на производството.

Цената на барел на лондонскиот пазар минатата недела се намали за 1,3 отсто, на 64,76 долари, додека на американскиот пазар, барелот падна за 0,8 проценти, на 61,50 долари.

Трговците стравуваат дека царинската војна, што ја започна американскиот претседател Доналд Трамп, ќе го забави растот на светската економија, а со тоа и побарувачката за нафта.

ПРЕПОРАЧАНО