Lifestyle
Мали приказни, ама голем ум даваат
Ѓорѓи Јаневски | Авторот е културен работник
Економија и бизнис | печатено издание | 15 март 2025г.
ДОМАШНА РАБОТА
Во едно од минатите изданија, читателите на овие страници имаа можност да го видат и да посведочат за пригодниот свечен постер „Зборуе Радио Скопје“ во авторство на Иван Ивановски со кој Канал 103 го одбележа големиот јубилеј „80 години Mакедонско радио“.
На 1 март оваа година, во 20 часот на програмата на Македонското радио, Радио 2, во етерот започна да зрачи „Домашна работа“ − радиомагазин за современа музика и култура во продукција на Стотројка. Се работи за прва официјална соработка, по повеќе децении, меѓу Македонската радио-телевизија и Канал 103, еден од најстарите независни и алтернативни медиуми во земјава и радио на заедницата основано во 1991 година, во рамките на Македонското радио, Радио Скопје. Со тоа, по долги четири години, Канал 103 повторно се враќа на ФМ-скалата, па макар и на 2 часа неделно емитување, овој пат на национално ниво. Ова треба да биде само прв исчекор, само почеток на една континуирана соработка меѓу јавниот национален дифузер и Канал 103, која во иднина ќе се развива и ќе се продлабочува на заемно задоволство и конечно во интерес на граѓаните и на јавното добро. Сето тоа е со една конечна цел − враќање на фреквенцијата и дифинитивно легализирање на Канал 103 кој веќе 34 години е бастион на независната мисла и радиодом на културата.
Една од главните мисии на „Домашна работа“ e промовирање и развивање на сцената надвор од главниот град и придонесување за суштинска културна децентрализација.
Така, за потребите на второто издание на овој радиомагазин, Стотројка го посети градот херој, градот на Марко Цепенков, по повод Прилепскиот карневал и еднодневниот фестивал „Прочка ебаго“ − добар пример за успешна соработка меѓу неазвисната сцена и локалните јавни институции.
Слушнете го звукот на Прилеп (преку ЛИНКОТ) и погледнете ја фотоприказната на Јелена Белиќ. Ова е радио за добар филм.
