Lifestyle

ТЕХНОЛОГИИТЕ ЗА ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА ЌЕ ТРОШАТ СТРУЈА КОЛКУ ЈАПОНИЈА!

10.04.2025

Побарувачката за електрична енергија во центрите за обработка на податоци ширум светот ќе се зголеми повеќе од двојно до 2030 година на околу 945 терават-часови (TVh). За споредба, таквата потрошувачка е еквивалентна на вкупната потрошувачка на електрична енергија на цела Јапонија.

Ова ќе доведе до драстичен раст на технологиите за вештачка интелигенција, чија потрошувачка на електрична енергија ќе се зголеми четирикратно во истиот период, според извештајот објавен денес од Меѓународната агенција за енергија (ИЕА).

Во Соединетите Американски Држави, потрошувачката на енергија во центрите за податоци наскоро ќе сочинува речиси половина од растот на побарувачката на електрична енергија до 2030 година.

Според проекциите, во 2030 година, американската економија ќе троши повеќе електрична енергија за обработка на податоци отколку сите енергетски интензивни индустрии заедно, вклучувајќи го производството на алуминиум, челик, цемент и разни хемикалии.

Експертите очекуваат центрите за податоци во развиените економии да бидат причина за повеќе од 20 проценти од растот на побарувачката на електрична енергија до 2030 година.

Еден центар за обработка на податоци денес троши електрична енергија колку 100.000 домаќинства, објави Еуроњуз.


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО