Бизнис

КИНА СО СТО МИЛИОНИ ДОЛАРИ ЈА СУБВЕНЦИОНИРА ПРОДАЖБАТА НА Е-ВЕЛОСИПЕДИ

13.03.2025

Од почетокот на 2025 година, Кина подели една милијарда јуани (околу 139,48 милиони американски долари) субвенции на над 1,65 милиони потрошувачи кои учествуваат во програмата за трговија со електрични велосипеди, соопшти Министерството за трговија.

Од 1 јануари 2025 година до 11 март, повеќе од 1,66 милиони нови електрични велосипеди се продадени во рамките на програмата за размена на стоки за широка потрошувачка во Кина, што е повеќе од вкупниот број продадени во 2024 година, покажуваат податоците на  China Media Group (CMG).

Од започнувањето на програмата во септември 2024 година, вкупно 3,046 милиони нови електрични велосипеди се продадени на национално ниво, објави Бета.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО